Анализа: Се изнагледа ли светот фотографии од мртви диктатори?

5 мај, 20110
May-1-1945-Germany-Announces-Hitler-Is-Dead
Темата за тоа дали во јавноста треба да се објават фотографии од мртвиот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, или пак не продуцираше многу полемика, но не за прв пат снимки од мртви диктатори ги брануваат духовите, анализира весникот “Фигаро“, пренесува Нетпрес.
На 26 април 1945 година, Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петачи се фатени во обид за бегство во близина на езерото Комо, Северна Италија. Два дена подоцна, по експресна судска постапка, тие се стрелани и властите публикуват снимки од нивните мртви тела.

Потоа нивните трупови, заедно со телата на уште петмина други фашистички лидери од Италија, биле изложени на плоштадот “Лорето“ во Милано. Виселе со главите надолу. Толпи луѓе минувале крај нив, им се обраќале со погрдни зборови, ги удирале со разни предмети, ги плукале дури и пукале со пиштоли во нив. Фотографи овековечиле дел од тие моменти, а следниот ден на насолвните тсраници на италијанските есници биле објавени тие снимки.

Долго време смрта на Адолф Хитлер е инцспирација за различни теории. Дали тој починал навистина во бункерот или пак избегал? Сталин, во јули 1945 година, лично му рекол на американскиот претседател Труман дека Хитлер со сигурност е сеуште жив и се крие. Потоа следуваат многу истраги и потраги по нацистичкиот водач. Сомнежите дека Хитлер е жив се појавуваат поради недостаток на фотографии од неговиот труп, како и на конкретни материјални докази дека тој е мртов. Но, има фотографии од мртвите тела на сопрузите Гебелс, кои исто така се самоубиле во истиот бункер во кој бил и Хителр со Ева Браун. Постои снимка од мртвото тело на двојникот на Хитлер, Густав Велер, во бункерот. Првично таа била приложувана како доказ за смртта на Фирерот.

На крајот утврдено е дека Хитлер се самоубил истрелувајќи си куршум од пиштол во главата, а Ева Браун испила цијанид. По наредба на лидерот на Третиот Рајх неговите најблиски телохранители му го запалиле телото, заедно со тоа на Ева Браун, а остатоците ги погребале на околу три метри од влезната врат ана бункерот. Остатоците навистина биле најдени таму, а обдукцијата покажала дека тие се токму на Адолф Хитлер и на Ева Браун. Во 1956 година, во Гемранија, официјално е објавено дека Хитлер е мртов, а како датум на неговата смрт е впишан 30 април 1945 година, додека како место на смртта е заведен неговот бункер во Берлин. Таква е и документацијата на САД. Во меѓувреме, советските власти објавуваат фотографија од неговиот череп, но во 2009 година американски научници тврдат дека тој и припаѓа на жена. Својата констатација тие ја поткрепуваат со ДНК експертиза. Која е жената, останува тајна.

На 25 декември 1989 година, романскиот претседател Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена се прогласени за виновни за геноцид и се осудени на смртна казна, по експресен судски процес. Тие се стрелани веднаш во воена база во Трговиште (административен центар во округот Дамбовица, Влашко).

Веста за егзекуцијата на долгогодишниот романски диктатор и неговата сопруга е емитувана на телевизија. Но, народот во Романија изразува сомнеж. Истата вечер, властите во земјата носат одлука да се емитува во јавноста видео снимка од стрелањето. Поради големата омраза на романскиот народ кон брачната двојка Чаушески, тие биле погребани ноќно време во Букурешт. На нивните гробови биле ставени крстови со други имиња. Денеска на грбовите има натписи со вистинските имиња. Во 2010 година, телата на Николае и неговата сопруга Елена, беа ексхумирани поради утврдување на нивниот идентитет, по барање на нивните блиски. Анализите покажаа дека телата се на сопружниците Чаушеску и тие потоа повторно беа погребани.
Садам Хусеин беше осуден на смрт за злосторства против човештвото и кон крајот на 2006 година беше обесен во касарна на ирачкото воено разузнување во Багдад. Снимки од неговата егзекуција веднаш се појавија на Интернет, но и на телевизиските канали во Ирак. На нив се гледа еден смирен и рамнодушен Садам. Кадрите го обиколија светот и создадоа длабок сомнеж во западните земји, а се засили и полемиката околу смртната казна. Најголемиот дел од експертите стравуваа дека тие снимки на крајот ќе го возвишат диктаторот и ќе го затемнат имиџот на новиот Ирак, кој САД се стремат да го создадат. Ирачкиот премиер, Нури ал Малики, нареди почнување на истрага за тоа кој ги направил снимките и кој ги распространил. Според некои информации, станува збор за висок ирачки функционер. Засега истрагата не напредува многу.
Што се однесува до снимките од убиениот Осама бин Ладен, првиот човек на ЦИА, Леон Панета, објави дека не се сомнева оти тие еден ден ќе бидат објавени во јавноста. Кратко потоа, американскиот претседател Барак Обама одлучи тие сепак да не бидат објавувани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi