Андрогениот модел, Андреј Пејиќ со босанско потекло кој е еден од најбараните светски модели признал дека обожува да носи високи потпетици.
Јас купувам чевли со високи потпетици и ги носам, не само на модните писти туку и кога излегувам приватно. Мојата женска страна не ја открив благодарение на светските дизајнери. Тоа го открив уште во детството. За среќа учев во нормално училиште, па не ме исмејуваа, туку напротив бев еден од омилените ученици, изјавил Андреј.