Што Android може, а iPhone не

19 април, 20110
andoridiphone

Секоја платформа на новата генерација мобилни телефони има свои предности и  недостатоци. Додека некои ја осудуваат затвореноста на iOS платформата на која работи iPhone, други сметаат дека преголемата отвореност на Android е опасност за безбедноста на корисниците. Во една статија објавена на Yahoo news се наведуваат некои карактеристики кои го ставаат Android пред iPhone.

Разновидност

Доколку сакате iPhone можете да ја купите актуелната верзија или постарата генерација од тој уред, евентуално да одберете црна или бела боја (не и во случајот со iPhone 4), и тука завршува вашиот избор со iOS телефоните.

Од друга страна доколку сакате да купите Android уред, имате понуда од различни модели и различни произведувачи. Поголема или помала резолуција на камерите, поголем екран, одреден материјал, боја…во големата понуда сигурно ќе најдете телфон кој ќе ги пресретне вашите потреби и вкус.

PlayStaion игри

Да, постојат многу игри во Apple продавниците. Но прави гејмерски наслови не многу. Android телефоните со PlayStation Certified, меѓу кои и Xperia Play, може да бидат задоволувачки избор за играње во движење за гејмерите.

Амазон апликација

Корисниците на Android имаат предност во користењето на Амазон продавницата апликација во која меѓу останатото, редовно може да превзимаат бесплатно апликации на денот, кои инаку се наплатуваат. Авторот на оваа статија, кој инаку е корисник на Android, го поставува прашањето, зошто покрај овие предности некој се уште би купил iPhone? А одоговорот го дал истиот тој – бидејќи тоа е најдобро дизајнираниот паметен телефон кој постои во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit