Античко пиво на Медитеранот

16 јуни, 20110
vino-i-pivo-498

Старите жители на Медитеранот не пиеле само вино, туку и пиво, е новото откритие. Јужниот дел на Франција е познат по одгледувањето на винова лоза и производство на вино, а археолозите од неодамна откриле дека античките жители од тој крај, исто така произведувале и пиеле пиво.

Француските истражувачи на ископините од една куќа од V век п.н.е во Рокпертиз, 40 километри северозападно од Марсеј, пронашле јагленосани остатоци од семе на јачмен, кое укажувало на процесот на производство на пиво.

Тие откриле два примерока од керамички садови и една дупка за која се претпоставува дека се користела за да апсорбира јачмен, како и еден примерок на печка каде најверојатно се печело зрното.

Откритието покажало дека во оваа област, денес позната како Прованса, се произведувале разни видови алкохолни пијалоци.

Производството на пиво најверојатно била стара, локална традиција, додека производството на вино било повеќе истакната со другите области на Медитеранот, истакнал лидерот на истражувачкиот тим, Лоран Буби од центарот за биоархеологија и екологија во Монпелие, чија студија е објавена во европскиот магазин “Human Ecology”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *