Нега на кожата околу очите

16 јуни, 20110
naslovna

Кожата околу очите е многу тенка и чувствителна, па не е ни чудно што се појавуваат брчки токму на тоа подрачје. Покрај тоа, умор и исцрпеност најпрво се оцртуваат на таа површина во вид на темни кругови и подочници. Поради тоа на оваа чувствителна кожа и се потребни посебна нега и заштита.

Првичните нежни брчки и линии се јавуваат по 20 години. Иако гримасите на лицето се делумно одговорни за настанокот на брчките околу очите и тоа во подочнежните години, експертите се согласуваат дека најголемиот штетник за брчки се УВ зраците. Стареењето може да го ублажите со користење на призводи кои се борат против  слободните радикали, како витаминот Ц или зелениот и бел чај.

Дури и ако целиот живот избегнувате изложување на сонце, не можете да го спречите формирањето на брчките во четвртата деценија. Биолошкото стареење на кожата што прави кожата да ја губи својата еластичност, станува сува и потенка.

За нега на кожата околу очите во четириесеттите години користете производи со структура на активни состојки како што се ретинол и пептиди за хидрат на кожата кои го стимулираат производството на колаген. Бидејќи темните кругови и потечени очисе многу честа појава, најдобро е да ги негувате со нежни масажни движења при примената на препарати за нега. Препорачливи се производи кои содржат билни екстракти со ефект на ладење и релаксација, кои ќе ги ублажат темните кругови под очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi