Репрезентацијата на Аргентина избори пласман во 1/4-финалето од шампионатот на Јужна Америка во фудбал, чиј домаќин се токму “гаучосите”. Во мечот од последното коло во во групата А, Аргентина ја совлада Костарика со 3:0 со головите на Агуеро во 45. и 53 односно Ди Марија во 64. минута.
Првото место во групата го освои Колумбија со седум бода, Аргентина е втора со пет, а Костарика трета со три бода, додека Боливија е последна во групата со еден бод.
Вечерва на програмата се мечевите од последното коло во групата Ц, а се среќаваат Чиле – Перу и Уругвај – Мексико.