Baldwin-Motion SS427 Phase III Chevelle
8 ноември, 20110
Веројатно едни од најзаканувачките “мускулести” автомобили кои биле некогаш направени од страна на партнерството помеѓу Baldwin Chevrolet и Motion Performance. Џоел Роуз, кој ја создал Motion Performance, бил достоен рекордер за модифицирано производство на AHRA и NHRA. Baldwin-Motion автомобилите биле направени само по нарачка од клиентот. Кога најекстремната “Фаза III” ниво на модификација била нарачана, била давана посебна гаранција за новиот сопственик.
Baldwin-Motion “Фаза III” автомобилите се премногу ретки. Овој 1969 Chevelle бил направен во “Фаза III” ниво на модификација. Добро опремен со перформансни надградби, неговата цена била 20.000 $. По финиширањето и испораката возилото било чувано во склад во Њујорк.