Пазете кој ви е пријател на Фејсбук! Може да ви го запалат домот! :(

8 ноември, 20110
01

Американка им ја запалила куќата на луѓето кои ја избришале од листата на френдови на Фејсбук.

Властите во Ајова ја уапсиле Џенифер Кристин Херис (30), бидејќи се обидела да ја запали куќата на еден пар, кој ја избришале од листата на френдови на Фејсбук, после една караница. Полицијата ја обвинила за подметнување на пожар.

Џенифер била задржана во затвор, а одредена и е кауција од 100.000 долари, бидејќи подметнала пожар во гаражата на Џим и Ники Расмусен. Мажот и жената успеале да побегнат од куќата, бидејќи ги разбудила бучава.

„Бев шокиран кога видов дека куќата на соседите гори“, изјавил Доменик Формаро, кој живее во близина на парот.

Наводно Џенифер и Ники кои биле пријателки се скарале на Фејсбук поради забава која ја организирале, а која имала изгледи дека нема да им успее.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi