Барса: Висока трева и нерамен терен – тоа е тактиката на Реал

3 мај, 20110
15914-944-508

Гвардиола и Чави сметаат дека жалбите на Реал се безпредметни и дека во прашање е само притисок кој нема да вроди со плод. Плејмејкерот на Барса го обвинува ривалот дека размислува за нефудбалски работи и порачува дека Каталонците ќе говорат на теренот.

Гвардиола ги отфрла обвинувањата на Реал на неспортското однесување.

“За тоа нема ни збор, УЕФА знае дека тоа не е вистина, и потади тоа жалбата на Реал е одбиена. Навистина не знам зошто не мислат на играта, но за среќа, сето тоа утре вечер завршува.” – рекол тренерот на Барселона.

Тој го потсетил Мурињо дека бил во клубот.

“Мурињо овде беше тренер. Знае дека целта на Барселона е да победува респектирајќи го противникот. Ние на тоа ги учиме играчите овде од мали нозе.

Нашите фудбалери се идоли, а не лажливци.” -додал Гвардиола.

Чави бил поостар.

“Мурињо предизвикува контроверзии каде и да се појави. Тоа е негова тактика, покрај онаа да се брани со бункер. Навивачите такви работи не сакаат, и тоа што Реал го прави не е добро за фудбалот.” – смета Чави.

Тој вели дека таквата тактика не води никаде.

“Сув, нерамен терен и висока трева, тоа се работи за кои тие размислуваат, наместо да мислат на фудбал. Но, тие работи утре ќе ги оставиме зад нас и ќе играме фудбал.” – се заканува човекот кој одигра најмногу мечви во историјата на Барселона.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi