Сандро Росел беше многу јасен на тема ангажирање на Алексис Санчез,изјавувајќи дека ова лето нема да има уште многу пари за трансфери.
“Секој играч има своја цена. Цената на Фабрегас е пониска од минатата сезона. Ако некој мисли дека ние ќе платиме 40 милиони за него, тогаш се лаже” констатираше првиот човек на Каталонците.
Се проценува дека до Арсенал ќе пристигне понуда од 35 милиони евра, по систем “земи или остави”, што секако нема да биде доволно да се убедат првите луѓе на Арсенал.
“Ако не прифатат, Цеск нема да дојде во Барселона” филозовски констатираше Росел.
Извор: Нетпрес