Барселона – Жоел Валенсија пристигнува, нема пари за Фабрегас

10 јуни, 20110
fc_barcelona1

Талентираниот мал играч од средниот ред кој формално сеуште е нов играч на Сарагоса, Жоел Валенсија е блиску до премин во Барселона. Каталонците уплатиле 300 илјади евра на сметка на Сарагоса за Еквадорецот кој постигнал договор со европскиот шампион на три години. Овој 17-годишен играч го привлече вниманието со настапите за вториот тим на Сарагоса и ќе учествува на престојното Светско првенство кое ќе се одржи во Мексико за играчи до 17 години. Од друга стана по се изгледа трансферот на Фабрегас во Барселона ќе пропадне, па гигантот ќе има и други решенија, секако ако не продаде некој играч. Вчера некој медиуми пренесоа дека Каталонците имале за трасфер во новата сезона 90 милиони евра, а од клубот изјавија дека имаат само 45 милиони евра. Арсен Венгер не сака да го продаде својот капите за помалку од 50 милиони евра, а Барселона покрај него го посакува и Алекси Санчез кој е многу блиску до Каталонија, како и Џузепе Роси од Виљареал. Тоа значи дека ќе можат да доведат само еден фудбалер. Се очекува Барселона да ја напушти Бојан Кркич, чија цена е 20 милиони. Доколку клубот не го продаде Кркич, Фабрегас нема да си го оствари својот сон.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi