Брачниот пар Викторија и Дејвид Бекам, одлучија да се вратат на стариот имот во Англија откако истече договорот на Дејвид Бекам со фудбалскиот клуб ЛА Галаксија од Лос Анџелес.
Причината за нивното враќање е желбата на Дејвид да ја заврши својата кариера во Англија, но како причина ги наведуваат и нивните деца. Тие сметаат дека американските деца се многу размазени, а оние кои растат и се воспитуваат во Англија се поинакви.
На лето Дејвид и Викторија ќе станат родители на четвртото дете за кое најавија дека е девојче.