Берлускони не се откажува од Кака, Алегри го посакува Ламела

30 март, 20110
milan_kaka

Големиот шеф на Милан, Силвио Берлускони не се откажува од идејата да го врати Кака во Милано, но тренерот на екипата сака да го доведе супер талентираниот играч на Ривер Плата, Ерик Ламела. Екипата на Милан сака да се засили на средината од теренот за следната сезона, но како што стојат работите, нема лесто да ‘падне’ одлуката кој ќе дојде на ‘Сан Сиро’. Медиумите во Италија јавуваат дека сосптвеникот на клубот, Берлускони е одлучен во Милан да го врати Бразилецот од редовите на Реал Мадрид, Кака, кој никако не добива вистинска шанса во “кралскиот клуб”. Иакоод Милан порачаа дека го чекаат со раширени раце, подготвеноста на Бразилецот е под знак прашалник. Сигурно дека Реал нема да дозволи Кака туку така да си замине и веројатно ќе сакаат да вратат дел од огромните пари кои ги вложија во него, а кои до сега дефинитивно не им се покажаа како оправдано вложување. Од друга страна, тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, со задоволство во клубот како решение за средината од теренот би го довел младиот Ерик Ламела, играч на Ривер Плата. “Супер талентираниот” играч веќе подолго време е на радарот на “росоњерите” кои се воодушевени од потенцијалите на младиот играч и за неговиот потпис ќе мора да издвојат 15 милиони евра. И самиот Ламела истакнал дека би сакал трансфер во Милан, иако за неговите услуги заинтересирани се и Тотенхем, Атлетико, Лацио и Баерн Минхен. Недоразбирања на повидок, искуството или младоста…?

Извор: Нетпрес

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *