Бесплатен превоз за денот на изборите
5 јуни, 20110

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека на денот на изборите, односно утре, превозот во возилата на ЈСП ќе биде бесплатен.
“Со цел зајакнување на демократските капацитети во Македонија Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира своите корисници дека на ден 05.06.2011 година превозот во возилата на ЈСП СКОПЈЕ ќе биде бесплатен“, стои во соопштението на ЈСП.
Извор: Нетпрес