Бијонсе и нејзиниот татко ја прекинаа соработката
30 март, 20110

Бијонсе Ноулс одлучи да ја прекине соработката со татко и, поточно тој повеќе нема да биде нејзин менаџер.
Метју Ноулс, нејзиниот татко ја потврди информацијата дека повеќе нема да и биде менаџер, нагласувајќи дека тоа била заедничка одлука. Се надевам и верувам дека таа ќе продолжи да ги ниже успесите како и до сега, изјавил Метју.
Бијонсе пак, во својата изјава се заблагодарува на својот татко за сè што направил за неа и за сè што ја научил. Ние сме сеуште семејство, само нашата стручна соработка заврши, изјавила Бијонсе.
Сеуште не е објавено името на новиот менаџер на Бијонсе.