Бин ладен би преживеал ако бил гол

6 мај, 20110
img_606X341_bin-laden-raid-040511
Осама бин Ладен би го преживеал нападот ако бил гол, бидејќи на американските војници им било кажано да бидат крајно претпазливи оти најверојатно тој на себе носи елек со бомби, каков што носат бомбашите самоубијци. Но, го затекнале во пижами, шпекулираат медиумите.
“Да бевме во можност да го приведеме жив, ние тоа ќе го сторевме. Би го уапсиле да не претставуваше закана“, изјавил советникот за тероризам на американскиот претседател, Џон Бренан.
Но, американските експерти за национална безбедност тврдат дека воопшто немало намера да се уапси Осама туку веднаш да се ликвидира.
Припадник на пакистанските армиски спеијалци тврди дека немало никакви пукотници за време на воената акција за елиминирање на Бин ладен и дека не е точно оти таа траела 40 минути. Тој додал дека ниту еден од присутните во куќата не бил вооружен.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi