Бин Ладен не бил убиен туку умрел од болест?

10 мај, 20110
ap_bin_laden_110507_wg
Иранскиот министер за разузнавање Хејдар Молеши изјавил дека Техеран има докази по кои лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен умрел од болест пред американските специјалци  да ја изведат акцијата во која се смета дека е убиен, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
“Имаме прецизни информации дека Бин Ладен умрел од болест пред извесно време“, рекол Молеши.
“Доколку американската војска и контраразузнавачите навистина го уапсиле или убиле лидерот на Ал Каеда, зошто тогаш не го покажат, туку неговиот труп го фрлиле во море?“, прашал иранскиот министер.
Како што соопшти американскиот претседател Обама,  Бил Ладен бил убиен на втори мај во пакистанскиот град Аботабад, северно од престолнината Исламабад, во текот на акцијата на специјалните американски сили.
Лидерот на Ал Каеда е погребан во море за помалку од 24 по завршување на акцијата, а како што соопштиле американските официјални лица, со анализа на ДНК е потврден неговиот идентитет.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *