Бин Ладен планирал атентат врз Обама

13 мај, 20110
0
Осама бин Ладен со својата терористичка мрежа Ал Каеда, планирал атентат врз американскиот претседател Барак Обама, било утврдено од материјалите и дневникот најдени во скривалиштето во пакистанскиот град Аботабад, пишува лондонски “Дејли телеграф“, пренесува Нетпрес.
Според досега откриеното од запленетите материјали, планирани биле терористички напади и во Велика Британија.
Весникот посочува дека нема детали за плановите, но има доказ дека Осама директно ги повикал своите следбеници да го повторат 11 септември 2001. Неговите препораки биле терористичките напади во САД да не бидат во Њујорк, туку во Лос Анџелес и во други помали градови во Америка, на датуми како 4 јули, денот на независноста на САД, и н 11 Септември.
Американските експерти тврдат дека бин Ладен бил “главната и движечка сила“ на секој заговор на Ал Каеда, као и тоа дека им давал совети на сите локални лидери на терористичката мрежа. Тој им давал наредби да напаѓаат авиони, возови…и да има многу жртви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *