Битолското културно лето почнува на 25-ти јуни

22 јуни, 20110
Untitled-2 copy
Шестото издание на Битолското културно лето “’Бит Фест“  започнува на 25-ти јуни во античкиот театар Хераклеја, со настап на гудачкиот камерен оркестар “АРКО“ и изведба на филмска музика “Плачот на виолината“. Фестивалот ќе трае до 27-ми август.
На шестото издание на “Бит Фест“ ќе продефилираат стотина уметници кои ќе бидат дел од досега најбројните настани, преку 120, и тоа  од сите области на уметноста  вклучувајќи театарски претстави, концерти од областа на класичната музика и оперски концерти, фолклорни концерти, етно, џез и рок концерти, ликовни и графички изложби, современи уметности, поетски вечери,саеми на книга и други мултумедијални проекти.
Фестивалот и оваа година останува под мотото на отворено културно лето кое промовира реномирани уметници и независна културна сцена и ќе биде домаќин на гости од Франција, Белгија, Италија, Велика Британија, Русија, Словачка, Полска, Бугарија, Турција, Хрватска како и бројни учесници од Македонија.
Битолското културно лето  во јули и август ќе ги реализира Фестивалот на музика и традиција “Локум Фест“, Фестивалот за современи уметности “Акто“, Илинденски денови,  Поетскиот фестивал “Поетски синтези“, Фестивалот на асоцијацијата 615, Младинскиот Арт фестивал “Битола отворен град“ и “Шут фест“.
Во богата културна програма  предвидена е премиера на новата претстава на познатиот бугарски режисер Александар Морфов кој ова лето ќе ја постави на сцената на Народниот Театар Битола,по што истата ќе се одигра и на охридско лето, исто така  на гости доаѓа и спектакуларниот театар В.Ф.Комесаржевскаја од Русија со претставата “Мили ангели“, потоа монодрамата “Ласица“ од Бугарија во изведба на познатиот актер Николај Урумов, додека од домашните театри гостува МНТ со новата претстава “Ромео и Џулиет“ од Лилија Абаџиева како и гостите од Центарот за современи уметности со претсавата “Сарипинар“ од Анкара.
Независно од одделните програми на фестивалите што се во склоп на Бит Фест, на самото културно лето ќе може да се проследат концерти на Љубојна, Фолтин, Тони Китановски и Черкези, браќата Тавитијан, Ultrasonic, женски хор од Нормандија, Oboe4strings од Полска , бендот Ghost train од Велика Британија, оперски арии од македонската опера и балет, Акапела хор од Словенија, концерт на “Air strings”, фолклорни групи  од Словенија, Танец од Македонија, концерти на класична современа музика, хераклејски поетски свечености, настап на интернационалноот камерен оркестар, потоа изложби на ликовната колонија Де Ниро, фотографии  и факсимили од Никола Карев, традицоналната архитектура на потпелистерието и изложба на познатата холандска керамика. Ова лето на “Бит Фетс“ ќе се одржи и првиот интернационален детски театарски фестивал “Битолино“ во организација на театарот Петар Стојковски- Бабец, како и детскиот фестивал “Тра ла ла“.
Речиси сите настани во организација на “Бит Фетс“ остануваат бесплатни, а организаторите се надеваат дека преку уметноста ќе придонесат за развој на културниот туризам во Македонија.
Сите активни летни сцени во Битола ќе бидат на располагање за престојниот фестивал, а пред се’ античкиот амфитеатар Хераклеја, летната сцена Пацио, старата чаршија, Офицерскиот Дом , повеќето спортски игралишта,  културниот центар Магаза, салите на центарот за култура и театарските сали, повеќе локации на Широк Сокак, а оваа година ќе се промовира и новата летна сцена “Тумбе кафе“ која ќе биде резервирана за концерти и театарски престави.
Покровител на културното лето и овојпат е  градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi