Нoрвешките власти вовеле обука за своите идни дипломати, а тоа е изучување на блек метал, музичкиот правец кој долго време се поврзуваше со сатанистичи погледи и уништување на црквата.
Дваесет кандидати излегле на обуките и предавањата за блек метал, да ја научат неговата историја и околностите под кои Норвешка стана центар на овој музички жанр, соопштила во петокот Норвешката Дипломатската академија.
“Целта е да се прикаже различноста на норвешката култура. Музика вклучува уметници од Едвард Григ (1843-1907) па сите понатамошни изведувачи во историјата на овој жанр, изјави за АФП заменик-директорот на Академијата Stejnar Lindberg.
Од Норвешка потекнуваат познатите метал групи “Mejhem”, “Darktron”, “Satirikon”, “Emperor”, “Enslejvd”, “Berzem”, “Dimu Borger” и “Gorgorot”. Блек метал музиката во голема мера е испирирана од паганството и нордиската митологија, поврзувана е со злосторства и палење на цркви во 1990-тите години. Но од тогаш до сега, овој музички правец изгради нов углед.