Јапонците склони кон самоубиства?
Преживеаните жртви од катастрофалниот земјотрес и цунами кои се случија во Јапонија во март оваа година, ќе им биде потребна долгорочна здравствена нега за да може да се заштитат од психичките проблеми, кои пак може да ги доведат до самоубиства, соопштила владата на оваа земја.
Во својот извештај за превенција и спречување на самоубиствата, јапонската влада ги споменува лица кои ја преживеале катастрофата дека може да имаат тенденција кон многу психички болести, шокови, стресови и депресија, а исто така може да имаат и чуство на вина што се уште се живи.
Во оваа катастрофа загинаа или исчезнаа повеќе од 230.000 луѓе, додека цели градови долж североисточниот брег на Јапонија беа целосно уништени.
Јапонија важеше за земја која и онака имаше висока стапка на самоубиства, со околу 25 самоубиства на 100.000 жители. За псоредба во САД оваа бројка изнесува 11 самоубиства на 100.000 луѓе.