Култниот пејач и текстописец Боб Дилан добил големи овации на првиот свој концерт одржан во Кина, тој пеел пред околу 5000 фанови, но со селектиран број на негови песни.
Познат по своите песни против неправдата и за граѓанските слободи и пацифизмот, Боб Дилан пазел на својот репертоар во Пекинг за да не ги навреди комунистички владетели на Кина.
Дилан пеел околу 2 часа, и само еднаш и се обратил на публиката за да го претстави бендот. Најмногу овации добил кога ги изведувал песните “All Along the Watchtower,” и “Like a Rolling Stone”.