U2 работи на футуристички албум
7 април, 20110

Продуцентот RedOne, чије вистинско име е Надир Кајат откри дека следниот албум на ирската рок група U2 ќе има футуристички звук. Познатиот продуцент, кој претходно има работено со Лејди Гага и Никол Шерцингер, призна дека сеуште експериментира со бендот за создавањето на нивниот 13-ти студиски албум.
Имаме неколку идеи, но сеуште не знаеме што од нив ќе реализираме. Бендот секогаш експериментира, но сеуште сме во процес на осмислување на создавање на албумот, изјаво RedOne.