Боно итно во болница! Инфаркт?

22 август, 20110
bono

Пејачот на групата U2, Боно Вокс бил итно пренесен во болница откако почувствувал силни болки во градите. Откако помина 48 саати на бројни прегледи, неговите обожаватели можат конечно да земат здив.

Пред неколку дена, Боно бил итно префрлен во болницата во Монако, откако градите почнале силно да го стегаат. Летајќи на југот од Франција, пејачот осетил необична болка во пределот на срцето, па неговата сопруга Ели Хавсон веднаш го однесла во болница. Иако постоел сомнеж дека се работи за срцев удар, сепак, тоа не е случај со Боно. Не бил задржан во болница, но 2 дена бил подложен на различни прегледи.

Иако Боно е хоспитализиран дури пред 5 дена, медиумите дошле до оваа информација дури вчера вечерта. Ова е инаку втор пат Боно да има ваков проблем во последниве година дена. Имено, во 2010 година бил принуден да го откаже концертот во Гластонбери, бидејќи требало итно да го оперира грбот.

U2 неодамна ја завршија својата светска турнеја гостувајќи дури во 30 земји. Се претпоставува дека напорната турнеја и постојаните настапи се главна причина за здравствените проблеми на Боно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi