Борусија Дортмунд шампион во Бундес лигата

1 мај, 20110
Performance-record-of-Borussia-Dortmund

Две кола пред крај на сезоната фудбалерите на Борусија Дортмунд ја освоија титулата шампион на Германија. Тие во 32. коло во Бундес лигата ја победија екипата на Нирнберг, а откако Баер загуби во Келн, екипата на Борусија Дортмунд се стекна со недостижни осум бода предност. За Борусија ова е шеста шампионска титула, прва по девет години.

Борусија Менхенгладбах освои злато вредни бодови во борбата за опстанок победувајќи ја на гости екипата на Хановер, кој така го загрози пласманот на третото место на табелата и пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Мајнц со убедлива победа над Ајнтрахт за чекор е поблизу до излез во Европа, додека екипата на Франкфурт и понатаму е на место кое води во плеј аутот.
Штутгарт речиси сигурно обезбеди опстанок победувајќи го Хофенхајм. Ослабениот Хамбургер повторно разочара. Овој пат бодовите од северот ги однесе Фрајбург, па Хамбургер и дефинитивно испадна од трката за пласман во Лигата на Европа.
Резултати:

Келн – Баер Леверкузен 2:0 (0:0)
Новаковиќ 67′, 83′

Хофенхајм – Штутгарт 1:2 (1:0)
Млапа 14′ – Какау 53′, Кузмановиќ 68′(пен)

Мајнц – Ајнтрахт 3:0 (3:0)
Иваншич 26′, Сото 38′, 45′

Хановер – Борусија Менхенгладбах 0:1 (0:0)
Ројс 76′

Хамбургер – Фрајбург 0:2 (0:1)
Сисе 16′, 87′

Борусија Дортмунд – Нирнберг 2:0 (2:0)
Бариос 32′, Левандовски 43′

Баерн – Шалке 4:1

Одиграно во петок:
Кајзерслаутерн – Санкт Паули 2:0 (1:0)
Вердер – Волфзбург 0:1 (0:1).

Табела: Дортмунд 72, Баер 64, Хановер 57, Баерн 56 (-1 меч), Мајнц 52, Нирнберг 47, Фрајбург 44, Хамбург 43, Кајзерслаутерн 40, Хофенхајм 40, Шалке 40 (-1), Штутгарт 39, Вердер 38, Келн 35, Волфсбург 35, Франкфурт 34, Менхенгладбах 32, Сент Паули 29.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit