Министерот за одбрана Зоран Коњановски го доби спорот во кој го тужеше Љубе Бошковски за клевета по изнесените тврдења дека министерот непотребно потрошил еден милион и петстотини илјади евра од Министерството за одбрана за расчистување на плажите во Преспанско.
Основниот суд во Ресен го осуди лидерот на Обединети за Македонија за клевета и му одреди 50 дневни глоби од 20 евра по што доколку не ги плати, истите присилно ќе бидат наплатени а по тоа ќе следи и казна затвор за Бошковски.
Бошковски не се појавил на ниту едно од трите рочишта закажани за случајот, а министерот Коњановски веднаш по поднесувањето на пријавата во декември изјави дека истата ќе биде можност Бошкоски пред јавноста да ја каже вистината за своите тврдења.
Извор: Нетпрес