Лос Анџелес Лејкекрс би требало овие денови да потпише договор со Мајк Браун, кој ќе биде нов тренер на оваа екипа.
Договор би требало да биде потпишан на три години, а Браун би требало во Лејкерси да заработува меѓу четири и 4,5 милиони долари годишно.
Браун беше тренер на Кливленд пет сезони, се додека во 2010. година не доби отказ. Именуван е за најдобар тренер во НБА лигата во 2009. година, а го воведе Кливленд и во големото финале од НБА лигата кое во своја полза го реши Сан Антонио.