Бразил: Бик предизвика паника во продавница за гардероба
13 мај, 20110

Млад бик предизвикал општа паника во една продавница за гардероба во бразилскиот град Sao Hose до Rio Preto, кој залутал откако се превртел камионот кој го превезувал недалеку од местото.
Како што пренесува BBC, купувачите биле преплашени кога виделе дека избеганото животно се пробива низ полиците, додека минувачите зачудувачки гледале во излогот од кој се гледала главата на бикот.
По неколку неуспешни обиди на обезбедувањето да го совлада со јажиња, бикот го скршил излогот и побегнал од продавницата.
На крај сепак бил фатен и однесен во локална фарма.