Научниците откриле дека жените кои имаат повеќе брчки на лицето имаат помал квалитет на коските, што предизвикува поголема можност за нивно кршење.
Резултатот е добиен по направено истражување врз 114 жени кои се во менопауза. Со уредот дурометан била мерена нивната кожа на 11 места. Додека пак густината на коските им била мерена со ултразвук или рендген. Со ова било утврдено дека подлабоките брчки на лицето се поврзани со ниска густина на коските.