Среќен роденден Тетрис

7 јуни, 20110
tetris006_1024x768

На денешен ден пред 27 години русинот Алексеј Пажитнов ја патентираше логичката игра кој го освои целиот свет – Тетрисот.

Едноставноста и адиктивноста со егзотичниот факт дека е направена во Советскиот Сојуз донесе милиони фанови од целиот свет за оваа игра.

По брзата популарност стекната во Москва, играта стигна и до Европа, која брзо стана хит. Клучен датум за ширењето на популарноста на тетрисот беше август 1989 година, кога Нинтендо одлучи да ја вјлучи во американската конзола Game Boy. Името на играта е најстаното од грчкиот збор тетра (четри) скратено од тетрамино (фигура составена од четри полиња)  и од името на омилениот спорт на Алексеј, тенис.

За оние ретките од вас кои не ја пробале оваа игра, поентата е да се сложуваат и редат фигури од четри полиња во простор од десет полиња и 20 редови висина. Со пополнување на секој ред тој исчезнува, а се што се наоѓа над него се спушта на негово место. Играта постепено се забрзува, а на крај исчезнува кога нема повеќе простор за спуштање нови фигури. Секој исполнет ред носи поени, што повеќе редови се пополнат (максималнио четри) толку поголем е бонусот.

Вкупно постојат седум фигури, а секоја од нив е во различни бои, и секоја од нив може да се ротира.

Речиси цело време од како е настанат Тетрисот се води борба за правата за негова дистрибуција во која учествувале едни од најголемите електронски компании во светот, а во еден период и државната агенција на Советскиот Сојуз.

Тетрисот е повеќе пати избран за најдобра игра во историјата, а во Гинисовата книга е запишан во 9 категории.

Нинтендо продаде 33 милиони верзии на Тетис за Game Boy, додека од 2005 до 2010 година продадени се преку 100 милиони примероци за мобилните телфони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi