Британија е подготвена и сака да го убие Гадафи!

21 март, 20110
Muammar al Gaddafi
Велика Британија  е целосно подготвена да го ликвидира либискиот лидер Моамер Гадафи. Британската армија е спремна да изведе хируршки прецизна воена операција за убиство на водачот на Џамахиријата, изјавил министерот за одбрана на Велика Британија, Лајам Фокс, објавија британските медиуми, пренесува Нетпрес.
Тој потенцирал дека веднаш и без размислување би одобрил напад на скривалиштето, каде се наоѓа либискиот диктатор, ако би можело да се избегне убивањето на цивилни жртви. Според него, Моамер Гадафи е легитмна цел на воените дејствија во Либија. Околу полноќ, буквално со земја била срамнета една зграда во резиденцијалниот комплекс на Моамер Гадафи, Баб ал Азизи, во Триполи, во страотно бомбардирање со крстаречки ракети на Сојузничките сили. Објектот од четири ката бил оддалечен на само педесетина метри од бедуинскиот шатор на Гадафи, јавија светските новински агенции, пренесува Нетпрес. Нема официјални информации дали либискиот лидер бил во шаторот за време на нападот. Но, има шпекулации дека тој бил во својот омилен бедунски шатор, каде честопати прима разни државни делегации и други гости, и дека за влакно спасил жива глава од ракетите, кои паднале во неговиот резиденцијален комплекс. Вчера пак, САД соопшти дека лидерот на Либија воопшто не е цел на нападите.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi