Жељко и Јована раскинаа по две недели од веридбата

21 март, 20110
jovanaizeljko

Жељко Јоксимовиќ и Јована Јанковиќ пред 15 дена ја прекинаа својата љубовна врска, две недели по нивната веридба, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес. Пред петнаесет денови ставена е точка на една од најубавите љубовни приказни која траеше скоро три години. Ниту веридбата, ниту заедничката желба за брак не успеаа да ги надвладеат несогласувањата кои последните месеци го потресуваа нивниот заеднички живот, пишува “Блиц“. “Точно е, не сме веќе заедно. Од почит кон Јована и убавото време кое го поминавме заедно не сакам да ги изнесувам причините поради кои раскинавме. Конкретна причина всушност и нема. Некои работи не функционираа онака како што двајцата сакавме“, изјавил Јоксимовиќ. Кога во саботата навечер на концертот во Вараждин  Жељко запеал “Љубов моја, не смееше да се случи јас тебе, а ти мене да ме изгубиш“, неговото лице се натажило. Покрај бината ја немало Јована која секогаш го придружувала на неговите концерти. По настапот Жељко делел автограми на обожавателките, се фотографирал со луѓето кои го сакаат, а најтешко му паднало кога неколку девојки му дале подароци за Јована. “Дајте ги овие подароци на вашата свршеничка и многу да ја поздравите“, му порачале тие, а тој само длабоко воздивнал.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi