Концептуалниот уметник Френк Болтер направи брод од хартија со цел за да заплови со истиот. Желбата, за жал не му се исполни, бидејќи бродот веднаш потонал.
Френк кој е уметник, а се занимава и со дизајн, го направил овој брод од хартија долг 8,2 метри користејќи тетра пак пакувања. Својот брод одлучил да го стави во каналот Kark-Hajn во Лајпциг, Германија, но бродот потона по неколку минути заедно со капетанот Болтер.
Ова не е негов прв обид да плови со хартиен брод, бидејќи нешто слично има направено минатата година на реката Темза по повод една уметничка изложба.