Будва

9 јуни, 20110
naslovna

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има околу 10 000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.

Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранско Море.

Стариод дел на Будва има многу разни приказни за неговиот настанок. Историчарите веруваат дека порано бил остров што подоцна се сврзал со копното. Се вели дека стариот дел, заедно со останатиот дел, бил откриен од еден старогрчки морнар. Подоцна Римската империја го освоила целиот црногорски брег, со што извршила големо влијание.

Голем дел од архитектурата има венецијанско потекло. Вратите, прозорите, балконите и многу други мали, но забележливи работи, го содржат римскиот стил на Венецијанската Република. Исто така постојат и три главни цркви во стариот дел. Првата е Св. Иван, изградена во VII век, втората е Св. Марија, од 840 година, и третата е Света Троица, изградена во 1804 година. Венецијанските ѕидови во стариот дел се позната туристичка атракција.

Будва е центарот на црногорскиот туризам. Со повеќе од 250 000 посетители во летната сезона 2005, кои направиле вкупно повеќе од 1,6 милиони ноќи престој, Будва е убедливо најпопуларната дестинација во Црна Гора. Будва е сѐ попривлечна со секоја измината година, или заради вкупната должина на песочни плажи од 11 310m или заради огромното културно наследство и прекрасната архитектура.

Најпопуларната плажа во Будва е Могрен. Се наоѓа помеѓу неколку големи карпи, а до неа се стигнува преку пат од стариот дел на Будва долг 500m. Меѓу другите плажи што се во официјалните граници на градот се Ричардова глава, Пизана, Словенска и Гуванце. Многу други плажи се наоѓаат надвор од Будва, во помали градови и села, како Бечиќи, Јаз, Трстено, Маестрал, Милочер, Свети Стефан, Пржно и Каменово.

Многумина би рекле дека Будва е разнобојна бидејќи повеќето од градбите имаат многу разни комбинации од бои. Бидејќи Будва е град што се фокусира на нов стил на архитектура, покрај стариот дел, градот нема многу историски места. Во близината на Будва има ексклузивни град-хотели како Свети Стефан и Милочер, коишто се често посетувани од разни познати личности и локални бизнисмени и политичари.

Покрај сите убавини, постојат и неколку дупки во туризмот во Будва. Најголемата е несоодветната инфраструктура. Најчесто споменуваниот проблем во Будва, како и во целото црногорско крајбрежје, е недостатокот на спроведување на вода. Од неодамна, бидејќи бројот на туристи во Будва достигнува 100 000, недостатокот на струја исто така станал проблем.

Другиот значаен проблем е сообраќајот и просторот за паркинг во и околу Будва. Бидејќи повеќето плажи се наоѓаат околу Будва, кога туристите се враќаат од плажите во попладневните часови, се создаваат тешки сообраќајни метежи покрај брегот, така што патувањето од Свети Стефан до Будва, околу 10km, одзема околу еден час.

Проблемот со паркирање е исто така огромен недостаток. Сѐ повеќе туристи доаѓаат во Будва со сопствени коли, поради што се јавува огромна потреба од простор за паркирање околу градскиот центар. Понекогаш, мора да се чека во ред за паркинг место дури и по еден час.

Хотелите најчесто ги немаат овие проблеми, бидејќи се привилегирани во врска со водата и струјата.

Будва е поврзана со Црна Гора со двосмерни патишта. Постојат два начина да се стигне до Будва од Подгорица: или преку Цетиње или преку новоизградениот тунел Созина. И на двата начина, Подгорица е оддалечена околу 60km и таа е главото вкрстување на патишта во Црна Гора.

Со останатите крајбрежни градови во Црна Гора, Будва е поврзана преку Јадранскиот автопат, којшто од југ продолжува од Улцињ до Херцег-Нови и понатаму доХрватска.

Аеродромот Тиват е оддалечен 20km. Има редовни летови до Белград и Цирих, а други десетици чартери слетуваат дневно на аеродромот за време на летната сезона.

Аеродромот Подгорица е оддалечен 65km и има редовни летови до главните европски дестинации преку целата година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *