Чарли Шин ја исплукал серијата “Два и пол мажи”
Сите се чудат како Чарли Шин успеал толку долго да молчи и да не ги искритикува новите епизоди од серијата “Два и пол мажи”.
Во новите епизоди Чарли беше заменет со Ештон Качер, за кој проблематичниот актер изјавил дека прилично добро се снаоѓа во улогата. Чарли напоменал дека е исклучително разочаран од тоа во кој правец се движи серијата.
На прашањето што мисли за лошиот рејтинг на емисијата, Чарли одговорил:
– Знаете, луѓето не се глупави. Барем не сите. Ештон се труди колку што може. Не мислам дека оваа улога е проколната, но јас сум многу разочаран што се прави со серијата откога јас си отидов.
Иако новата сезона премиерно ја гледале неверојатни 27.700.000 гледачи, но оттогаш рејтингот рапидно опаѓа.
Но и покрај тоа што рејтингот паѓа, серија има повеќе гледачи од минатата сезона кога улогата ја имал Чарли Шин.
Тој наскоро ќе започне со снимање на нова серија, под името “Anger Management”..