Пред финалето од Лигата на Шампионите кружеа гласини дека Гвардиола во случај на пораз од Јунајтед би можел да ја напушти Барселона една година пред истекот на договорот. Пеп ја освој својата втора титула шампион на Европа со Барселона, а по натпреварот на ‘Вембли’, изјави дека ќе остане уште една година во Каталонија. Тоа значи дека Роман Абрамович ќе мора да чека уште 12 месеци за на ‘Стемфорд Бриџ’ да ја донесе својата прва желба, Пеп Гвардиола. Рускиот милијардер би сакал Челзи да игра атрактивен и технички беспрекорен фудбал како што тоа го прави Барселона под водство на Гвардиола. Доколку не успее да го доведе Шпанецот, Абрамович има резервни планови. Тука се Гус Хидинг, Марко Ван Бастен и Виљаш-Боаш.
Извор: Нетпрес