Челзи му нуди нов договор на Дрогба
26 мај, 20110

Дидие Дрогба не е на листата непожелни во Челзи и управата ќе му понуди нов договор, тврди “Индепендент”.
Заминувањето на одличниот напаѓач беше честа тема во текот на сезонава, особено по пристигнувањето на Фернандо Торес, и медиумите го селеа ширум Европа. како последни дестинации се споменуваа Тотенхем и Галатасарај, но очигледно од тоа нема ништо.
Роман Абрамович подготвува голе ачистка на “Стемфорд Бриџ”, “ги започна работите” со отпуштањето на Карло анчелоти, а според некои извори до финишот на сезоната сигурни беа само Петр Чех, Џон Тери и Бане Ивановиќ.
Важечкиот договор на Дрогба истекува на крајот на следната сезона, а преговорите за нов ќе почнат следната недела.