Како што беше најавено пред неколку недели, Хорхе Валдано поднесе оставка на местото спортски директор на Реал Мадрид, а советот на директори при “кралскиот клуб”, истата веднаш ја прифати.
Валдано постојано беше поврзуван со наводни недоразбирања со тренерот Жозе Мурињо, а со оглед на фактот дека Португалецот ја ужива поддршката на претседателот Флорентино Перез, Валдано одлучил да го напушти клубот. Како негов наследник се споменува некогашниот капитен на Реал, Фернандо Јеро.