Човек со најмногу Гинисови рекорди

popara23 мај, 20111min00
ww

Кога ќе видите се што направил овој 56-годишен Њујорчанин, менаџер на продавница за здрава храна, тогаш на овој свет не постои нешто што не може да се направи.
Со текот на годините тој соборил 342 Гинисови светски рекорди. Првиот рекорд бил во 1979 година каде направил 27.000 чучнувања, потоа продолжил со колут напред и поминал 16 километри.
Некои од Фурмановите рекорди се: најдолго стоење на топка, туркање на портокал со нос во должина од 1600 метри со време од 24 мин. и 36 сек., 55 чучнувања за 1 минута, успеал да изеде 22 главици бел лук и др.
Стотиот рекорд го соборил така што читал поезија на 110 јазици. Често избира егзотични места за рушење на Гинисовите рекорди.
“Уште од детството бев фасциниран од Гинисовата книга на рекорди. Бидејќи јас не сум атлетски граден, мислев дека никогаш нема да бидам во можност да срушам некој рекордот, вели Фурман, додавајќи дека секој човек има внатрешна сила, но малкумина од луѓето ја користат.

Во прилог неколку видеа од рекордите на Ашрита Фурман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma