На повидок повторно хаос во воздушниот сообраќај
23 мај, 20110

Прашината која излегува од вулканот Гримсвоетн би можела да стигне до Велика Британија до крајот на неделата, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Властите велат дека оваа година се повеќе подготвени за разлика од минатата кога ерупцијата на исландскиот вулкан предизвика хаос во воздушниот сообраќај. Се очекува вулканската прашина да стигне до Шкотска уште утре.
Воздушниот сообраќај над Исланд најверојатно ќе остане затворен и понатаму бидејќи состојбата не се подобрила во текот на ноќта.
Гримсвоетн, најактивниот исландски вулкан , почнал да еруптира викендот со што исфрлил прашина од 19 километри во висина.
Во април минатата година кога се активираше вулканот Ејафјалојакул воздушниот сообраќај беше затворен над 34 земји заради страв прашината да навлезе во моторите на авионите.
Извор: Нетпрес