Чуден феномен се случува веќе неколку денови во градот Катанија на островот Сицилија. Неколку дена дигиталните часовници одат понапред 10 до 20 минути и тоа се случува секој ден.
Овој феномен се уште е мистерија и никој не може да го објасни.
Поради овој феномен жителите на Катанија се уште немале некои поголеми проблеми, освен некои ситни задоцнувања на работните места.
Веќе се ангажирани луѓе од Универзитетот за Електроника во Катанија да увидат за што станува збор, се наведува дека тоа би можело да биде големиот ефектот на многубројните на соларни панели на островото или пак поправките на подводните електрични кабли кои моментално се средуваат на островото.