Црквата Свети Петар во Рим

29 јули, 20110
stpetersnaslovna

Најголемата црква на светот

Рим навистина имаше тројца основачи – покрај Romulus и Remus кои се познати од Римската митологија, но меѓу основачите треба да се спомене и апостолот Peter. Потребно е да му се оддаде благодарност, за повторно градење на градот, по распадот на Царството, бидејќи од тогаш Рим се смета за најубавиот христијански град. Во чест на третиот основач на градот, над неговиот гроб, во шеснаесетиот век била изградена најголeмaта и најубавата црква во светот. Најдобрите градители, најпознатите уметници од Италија, работеле 120 години со цел да ја направат совршена црквата Свети Петар. Пред изградбата на денешната црква Свети Петар на истиот простор, во близина на цикркузот на Neron, се издигнала базилика која исто така била во чест на апостолот Peter, а ја изградил Constantine the Great на молба од Папата Sylvester I. Пред главниот олтар биле крунисани многу кралеви. Папата Nikola V, сакал стариот храм да го замени со нов и поголем. Според нацртите на Bernardo Rossellino се започнало да се работи на овој проект од 1452 година. Три години подоцна, после смртта на папата, се престанало со работа.

После 50 години, започнала повторно изградбата. Папата Julius II, во чест на младиот вајар Michelangelo одлучил да изгради огромна гробница. Тогаш Папата се сетил на старите нацрти и одлучил повторно да ја започне изградбата. Од многуте нацрти Папата Julius II го избрал нацртот на Bramante. На 18 август, започнале повторно со работа. Bramante предложил црквата да биде во форма на рамнокрак грчки крст. Над средината требало да се издигне огромна главна купола, а помали куполи биле предвидени на четирите крака на крстот.

Но, во 1514 година, Bramante починал, а неговите наследници, Rafael, Fra Giovanni da Verona и Giuliano da Sangallo направиле измени на овој генијален план.

Долго време се водела дискусија, дали да се промени нацртот на црквата и да се изгради во форма на латиничен крст. Сепак,  Michelangelo после барањето на Папата Paul III, ја продолжил изградбата и се вратил на првобитниот проект, во форма на грчкиот крст. Еден од покарактеристичните детали на црквата Свети Петар, кој што дава посебна убавина претставува куполата над олтарот на папата, дело на генијалниот вајар. Сепак, беше довршена од страна на наследниците на Michelangelo.

Во 1606 година Папата Paul V, наредил вратите да се вратат во облик на латинскиот крст. Тогаш Carlo Maderno, ги изградил напречните бродови на катедралата и фасадата во барок стил, позади која се гледа куполата на Michelangelo. После, отварањето на црквата на 18 ноември 1626 година, Bernini, наследниот на Michelangelo, ја завршил изградбата. Денешниот изглед на Плоштадот пред црквата Свети Петар претставува дело на Bernini. Овој голем уметник, ги осмислил преубавите колонади со 284 столбови и 88 носачи кои го окружуваат целиот плоштад. Исто така, имал направено нацрти за 162 склуптури на балустради. Обелиск висок 25 метри во средината на плоштадот, потекнува од Египет.

Инаку, црквата зафаќа простор од 15.160 метри квадратни, а куполата до самиот врв е висока 194 метри. Поставена на четири носачки столбови, секој од нив е 71 метар.

Првиот впечаток на црквениот простор со сите свои детали, секого ќе фасцинира. Црквата Свети Петар не претстаува само црква, туку и мајсторско дело создадено од познати и врвни уметници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı