Црвенковски и Ахмети остварија средба со Баросо

10 април, 20110
2
Бранко Црвенковски и Али Ахмети вчера остварија средба со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
Враќање на патот кон евроитеграциите и одржување на фер и демократски избори , се клучните поенти од средбата помеѓу Баросо и лидерот на СДСМ. Претседателот на ЕК на средбата со Црвенковски ги отворил темите кои Брисел ги смета како клучни: ситуацијата во судството, реформата во администрацијата и независноста на медиумите.
Црвенковски изјави дека го информирал Баросо за “недемократскиот амбиент во државава“ и го спомнал кредитот од 220 милиони евра – наменет, како што самиот рече, за корумпирање на гласачкото тело. Тој вели дека не добил критики за бојкоторањето на Парламентот.
Ахмети, кој се сретна Баросо веднаш по Црвенковски ја добил пораката дека клучното прашање кое мора да се реши е името.
“Баросо и Филе упатија јасна порака –не губете време, пролонгирањето во решавањето на спорот за името ќе се одрази врз економскиот развој на земјата, но и врз мирот и стабилноста на Македонија“,  изјави Ахмети.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma