Кака и Касиљас: Реал може да стигне до тројната круна

10 април, 20110
22

Фудбалерите на мадридскиот великан се убедени дека Реал може да ги освои сите титули за кои се во игра.

Играчот за врска на Реал Мадрид, Бразилецот Кака верува во освојување на сите три трофеи за кои се бори неговиот тим.

Реал е моментално осум бода зад Барселона на табелата во Примера, а следната сабота на програмата е второто “Ел Класико” во лигата.

”Секако дека Реал може да ја победи Барселона. Можеме да ги освоиме Примера, Купот и Лигата на Шампионите. Прво мораме да се посветиме на Тотенхем во среда.” – убеден е Кака.

Синоќа постигна два погодоци од белата точка во Билбао и пресреќен е поради својата улога во екипата на Жозе Мурињо, иако не игра многу.

”Морам многу да работам за повторно да уживам во фудбалот. Единствен проблем беше моето колено. Чувствувам дека му должам на Реал, бидејќи не ги исполнив очекувањата. Благодарен сум му и на Мурињо, бидејќи прави се за да ми помогне. Немам никаков проблем со него. Одличен тренер е и ми помага да се развијам како фудбалер.” – вели Кака.

Се огласил и првиот голман на Реал, Икер Касиљас, кој е убеден дека патот на Мадридѓани кон титулите сеуште е отворен.

”Ќе биде тешко да се победи Барса во Ел Класико, но знаеме дека се може да се случи. Една грешка се може да промени. Пред Барса не очекува Лигата на Шампионите, па затоа ќе говориме за Ел Класико по Тотенхем.” – вели Касиљас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi