Научниците тврдат дека жените кои пијат умерена количина црвено вино секојдневно, имаат поголемо либидо. Овој заклучок тие го донеле врз основа на испитувања кои биле направени над 841 жена.
Не е точно утврдено од кои причини е тоа така, но сигурно има нешто во хемискиот состав кој прави жената која го пие овој пијалок да има поголема желба за секс, поголема возбуда при сексот како и поинтезивен оргазам.
Познато е дека црвеното вино го намалува стресот, па најверојатно и тоа има улога за овој ефект.