Фолната киселина е неопходна за здрав раст и размножување на клетките на ткивата. Тоа особено важи за бремените жени, т.е за правилен раст и развој на фетусот.
Исто така фолната киселина учествува во формирањето на црвените крвни зрнца кои за себе го врзуваат кислородот во белите дробови и потоа го шират низ целото тело.
Во цвеклото има голема количина на фолна киселина. Освен тоа има и минерали и калиум како и голем број на влакна кои имаат голема моќ во отсранувањето на токсините од телото.