Дали не посети „зрно прашина” од друга димензија?

23 декември, 20110
0277007.48

Еден ентузијаист од снимката која ви ја пренесуваме сведочи за еден светлечки објект на небото над Холандија, во близина на Ротердам.

Снимателот кажува дека не знае за што се работи, но сигурен е дека фасцинантните светла не се авиони. Некои од светлечките кугли се движеле со голема брзина, додека другите лебделе во место.

Интензитетот на нивната светлост е променлив, а најголемата светлечка кугла на крајот на снимката дури и исчезнува. За што се работи? Дали е можно да станува збор за вонземјански летала кои се снимени од голема далечина?

Од самото видео не добиваме никакви одговори, но коментарите по разни форуми прикажуваат лични теории, од кои само една вели дека всушност станува збор за ентитети кои најлесно може да се опишат како души кои поминуваат низ димензијата.

Сеуште се водат расправи за тоа каде патуваат, и кои им се дестинациите и мотивите за пат, а претпоставките се движат од оние дека станува збор за меѓудимензионални „зрна прашина”, таканаречени несвесни ентитети кои лутаа во времето и просторот, па се до претпоставки дека станува збор за вонземјански извидници.

Снимките на необичната појава можете да ги погледнете овде:

httpv://www.youtube.com/watch?v=vi0rQygEpQk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma