Дали смирувањето со секс ги решава проблемите во врската?

24 јуни, 20110
smiruvanje so seks

Жестоката расправија може да заврши со див секс. Наместо навредливи зборови по неколку минути од расправијата на сите страни лета облека. Многумина тврдат дела овој секс им е најубав, но дали така го решиле проблемот?

“Сексот за смирување” бесот го претвара во страст, па партнерите забораваат на лутината и се препуштаат на дивото задоволство. Тој го спречува продолжувањето на расправата и може да биде многу добар, бидејќи хормоните полуделе уште за време на кнфликтот. Но, дали е решение за проблемот кој ја предизвикал кавгата?

Ако проблемите во вашата врска не се големи, а расправиите почнуваат околу ситници, сексот ќе биде доволен да се испегла ситуацијата и да не се спомнува повеќе. Меѓутоа ако со партнерот се расправате за важни работи тогаш сексот само ќе ги влоши работите и проблемите ќе ги турне под тепих. Тие повторно ќе испливаат, а кавгата ќе се претвори во војна.

Можеби е подобро да се обидете со “секс за зближување” советуваат експертите. После кавгата прво разговарајте и решете го проблемот, па дури потоа препуштете се на игрите во кревтот. Нежното бакнување и милување кое повторно ќе ве зближи е многу подобро решение од брзиот  “секс за смирување”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *