На Марс постоел океан?

24 јуни, 20110
more-na-marsu-1

Вселенското летало “Одисеја“ направила неверојатни фотографии од површината на Марс, кои ги прикажуваат долините и каналите, како и површините за кои се верува дека некогаш биле покриени со езера.

Научниците веруваат дека островите во облик на солза на црвената планета биле формирани длабоко под вода пред неколку милиони години.

Ова откритие оди во прилог на тврдењето дека на таа планета некогаш постоеле океани, за што експертите почнаа да се сомневаат за тоа уште во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век.

Експертите сега направиле студија во која се пронашле многу сличности меѓу деловите од површината на Марс и морското дно на брегот на Тринидад, потпирајќи се на тоа како доказ дека некогаш во северните делови на црвената планета потоел океан. Научниците од Тексас веруваат дека сличните процеси кои го формирале морското дно на Тринидад, исто така го формирале островот во облик на солза на Марс.

Повеќето аналогии кои се направени помеѓу Земјата и Марс, се направени користејќи континентални податоци, а сега за прв пат се прави аналогија врз основа на длабоките подземни води, изјавил геологот Лорена Москардели од Универзитетот во Тексас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *