Опасноста од рак е 34 проценти поголема кај жените што пушат

24 јуни, 20110
large_smoker-tax-cigarette

Кај жените пушачи за 34 проценти е поголема опасноста да заболат од рак на дојката одколку женте кои не се пушачи, покажале резултатите од истражувањата претставени на 47-миот конгрес на Американското здружение за клиничка онкологија- ASCO во Чикаго.

Група научници дошла до тие резултати по долгогодишни истражувња на Универзитетот во Питсбург во кои учствувале 13,300 жени, пренесуваат француските медиауми.

Сепак, научниците истакнуваат дека третина од случаите на рак може да се избегнат со промена на начинот на животот во индустриски развиените земји.

Тоа пред се подразбира балансиран и разновиден начин на исхрана, односно конзумирање повеќе овошје и зеленчук, а помалку алкохол трансмасни киселини кои може да се најдат во млечните производи, говедско и јагнеско месо, во пржени јајца итн…

Идеално би било да се конзумира дневно минимум 400 грама овошје и зеленчук, а ограничено да се конзумира црвено месо- 500 грама неделно.

Пожелно е овој на чин на исхрана да се комбинира со 30 минути физичка активност , физичката активност на мора да биде континуирана , може на пример прво 10 минути да возите велосипед, па 15 минути брзо одење и тн….

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi